Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Отворање нови простории на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства

СОС Детско село денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на детето и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СОС Детско село денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на детето и Денот на згрижувачките семејства со цел да се подигне свеста за важноста на згрижувањето и за поддршка на луѓето кои со љубов и посветеност се грижат за децата без родителска грижа.

– Покрај симболиката на признание за згрижувачките семејства, овој настан ќе биде одбележан и со свечено отворање на новите простории на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, како и специјализираното Одделение за психолошко советување и специјално образование со рехабилитација за деца со комплексни трауми, соопшти СОС Детско село.

Новите капацитети се дел од регионалниот проект „Надминување на системски празнини – Поддршка на реформите во системот за заштита на децата“, финансиран од Министерството за економска соработка и развој на Германија, во партнерство со германската организација HGFD.

Реклама

Како што е најавено, на настанот ќе се обратат претседателот на организацијата Александар Трајковски, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и националната директорка на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо.