Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Отворање на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026

„Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“ е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“ е тема на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026 кој свечено ќе биде отворен денеска во  Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Го организираат Кабинетот на поранешниот претседател на Македонија Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите од Скопје и Институтот за културна дипломатија од Берлин, со поддршка на Министерството за култура и туризам и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

На Форумот ќе учествуваат дипломати, политичари, експерти, уметници и јавни личности од Македонија, САД, Германија, Франција, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора.

Во рамки на свеченото отворање ќе се одржи воведна сесија и панел-дискусија на тема „250 години подоцна: Демократијата, културната моќ и значењето на глобалниот дијалог во свет во промени“, чиј домаќин ќе биде министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Реклама

По повод 250 години од основањето на Соединетите Американски Држави, сесијата ќе ја отвори дискусијата за улогата на демократијата, културната дипломатија и глобалниот дијалог во градењето доверба, соработка и стабилност во време на забрзани геополитички промени, наведуваат организаторите.

Според нивната најава, на отворањето ќе се обратат министерот Тимчо Муцунски,  в.д. амбасадорот на САД, Никол Варнес, поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Марк Донфрид – директор на Институтот за културна дипломатија од Берлин, Дуке Бојаџиев – композитор, музички продуцент и пијанист, и Васко Наумовски – поранешен македонски амбасадор во САД, кој воедно ќе биде и модератор на сесијата. Воведни зборови ќе има Иван Иванов, претседател на Извршниот одбор на Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите, коорганизатор на настанот.

Во рамки на Форумот ќе се одржат повеќе тематски сесии и настани во институции од државно и културно значење. Во Кабинетот на претседателката на државата ќе се одржи сесијата „Лидерството и културата како мостови меѓу цивилизациите“, на која свое обраќање ќе има претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во Собранието ќе се одржи сесијата „Улогата на демократските институции во културниот дијалог: Од претставување до кохезија“, со обраќање на претседателот на Собранието, Африм Гаши. На сесијата ќе учествуваат повеќе домашни и меѓународни говорници и претставници од областа на политиката, културата и дипломатијата.

Предвидена е и посебна сесија посветена на културата, креативноста, културната дипломатија и „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“, организирана во соработка со Министерството за култура и туризам и Град Скопје. Во рамки на оваа сесија, која ќе се одржи во Музејот на Град Скопје, свои обраќања ќе имаат министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по што ќе следува панел-дискусија на тема „Визија за иднината: Скопје 2028 и моќта на креативноста“, на која ќе учествуваат истакнати македонски уметници, културни работници и јавни личности од областа на театарот, музиката, литературата и современата уметност. 

Во пресрет на свеченото отворање на Форумот за културна дипломатија Скопје 2026, во претседателската „Вила Водно“ вчеравечер беше организиран прием за учесниците со обраќање на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова која го истакна значењето на културната дипломатија.