Реклама
Македонија

Откако ја објави анкетата и државната МРТВ стана државен непријател за Ковачевски

По Алфа, Телма, Мелма, на власта сега очи им боде и државаната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По Алфа, Телма, Мелма, на власта сега очи им боде и државаната МРТВ. Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски остро го нападна јавниот сервис само затоа што објави анкета од која се гледа дека неговата партија ја очекува катастрофален пораз на изборите. Помош бара и амбасадорите.

  • „Тоа што го гледаме сега на МТВ е анкета преземена од еден Институт многу близок до ВМРО-ДПМНЕ. МТВ само не потсетува како изгледаа медиумите до 2016 година. Ова прашање треба да го доставите до амбасадорите Гир, до американската амбасадорка, до холандскиот амбасадор бидејќи тие многу често ги коментираат демократијата, слободата на медиумите, начинот на известувањето“, одговори Ковачевски.

Оваа остра реакција на екс-премиерот следува откако државната МРТВ нарача и објави мерење на јавното мислење, во која двојна предност пред СДСМ граѓаните и даваат на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Резултатите од анкетата покажуваат дека во изборните единици 1, 2, 5 и 6, власта ја очекува голем пораз.

Ваквиот непримерен напад врз медиумите, не е новост за власт на СДСМ и ДУИ. Почнаа уште кога беа опозиција, кога тогашниот лидер Зоран Заев ги прогласи телевизиите, меѓу кои и Алфа за политички непријатели, а праксата ја продолжија Ковачевски и Ахмети. Секоа критика за криминалот и корупцијата на функционерите од оваа власт, ја дочекуваа на нож. 

Реклама
  • Во државата има медиум чија што уредувачка политика повеќе наликува на компанија која тргува со енергенси, а има и медиум чија што улога повеќе личи на партиски сектор за комуникации“, изјави Ковачевски на 16.01.2023.
  • Кому му служиме со овие поделби што се прават? Се разбира на непријателите на Албанците, тие „аплаудираат“. Алфа, Телма, Мелма, тоа се тие. Што добија Албанците кои беа поделени во минатото, што? Не добија ништо“, порача Ахмети – претседател на ДУИ 15.01.2023.

Интересно е што пак истата анкета која сега не му чини на Ковачевски, провладините медиуми ја искористија да покажат водство на неговата коалиција. Собирајќи и шуто и рогато, како што би рекол Заев, правеа комбинации и весели математики за да покажат дека коалицијата на СДСМ има поголема доверба.

Инаку, анкетата која не му се допадна на Ковачевски, покажа двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ и дека албанската опозиција му дише на врат на коалицискиот партнер ДУИ. Во изборните единици еден, два и пет ВМРО-ДПМНЕ има речиси дупло поголема подршка од граѓаните, додека во шестатат изборна единица, води ДУИ, но веднаш зад неа, со само 1,9 процвенти полаку е обединетата албанска опозиција. Во втората изборна единица, пак солидна бројка има и партијата на Максим Димитериевски, за која се смета дека е сериозна закана за СДСМ во Кумановскиот регион. Се уште не се објавени бројките во тројка и четворка, каде граѓаните главно поддршка ја даваат за партијата на Христијан Мицкоски.