Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

Отчет на Мисајловски: Раскинат договорот со компанијата која ја снабдуваше АРМ со храна, се најавува модернизација

За прв пат сите вработени во министерството за одбрана ги добиваат надоместоците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За прв пат сите вработени во министерството за одбрана ги добиваат надоместоците на плата согласно колективниот договор. Вработените за ова правдата ја барале на суд и од 2021 година до денеска само судските трошоци, државата ја чинат над 17 милиони евра, а годинава се исплатени над 6 милиони откри министерот Владо Мисајловски во рамки на отчетот за сработеното во изминатите 100 дена. Министерот вели одговорност мора да има, и го повика јавното обвинителство да ги истражи причините до крај.

 Препорака на Влада е да направиме спогодби за да не се плаќаат за побарување од 3.000 денари судски трошоци од 90.000 денари. Досега потрошените 17 милиони евра се одлични средства за набавка на лична опрема за сите во војската.. Се работи за илјадници пресуди од кои дел се уште пристигнуваат, информираше министерот.

Не само лошата финансиска состојба, Мисајловски во министерството затекнал и други неправилности. До ден денес нема информација колкава е проценетата вредност за донираното кон  Украина, оти не му се платило на проценителот и Македонија никогаш не ги добила информациите.

Реклама

Мисајловски откри и дека по извршени контроли и правни консултации еднострано е раскинат договорот со фирмата која ја снабдуваше армијата со храна откако 60 припадници се затруја. Во меѓувреме на војниците им се исплаќа надоместок за хранарина

Здравствените власти најдоа бактерии на работните површини. Компанијата при првото предупредување не ги отстранила недостатоците и во овој момент мораше да се раскине договорот. Во согласност со колективниот договор што е донесен, на секој припадник во Армијата и во Министерството му следува надомест за хранарина. Бидејќи договорот е раскинат, секому ќе му бидат исплатени средства. Во делот во Армијата, каде што мораат да имаат оброци, тоа веќе го регулиравме и ќе се готви во Армијата бидејќи така било и пред неколку месеци, рече Мисајловски.

Мисајловски ја коментираше ситуацијата на Блискиот Исток и во Украина, според него ќе има рефлексија во цела Европа. Македонија ја следи ситуацијата.  Министерот остварил контакт со тројцата штабни офицери во Јужен Либан, тие се добро и се чувствуваат безбедено, постојано се во бункери. Инаку догодина се предвидува зголемување на Буџетот на одбрана, односно да изнесува околу 23 милиони денари 37 проценти од овие средства или околу 8,5 милијарди денари ќе бидат насочени кон модернизација и опремување на Армијата што е за три милијарди денари повеќе од годинава.

https://youtu.be/WFKDPmkkCTI