Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Осумдесет години Црвен крст на Град Скопје

Црвениот крст на Град Скопје годинава одбележува 80 години од формирањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Црвениот крст на Град Скопје годинава одбележува 80 години од формирањето на организацијата. Централното одбележување на јубилејот е денеска во Градскиот парк Скопје, на плочникот кај фонтаната Лотoс. На мали куќарки т.н. хумана зона ќе бидат прикажани сите активности и социјални сервиси, придружна опрема и показни елементи преку кои граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со активностите на организацијата, но и да се информираат што сè нуди во насока на помош и поддршка на сите граѓани.

Програма за најмладите ќе почне во 10:00 часот. Планирана е забава со аниматори, цртање на лице и настап на „мали детски ѕвезди“. Исто така за овој дел од програмата ќе дадат поддршка од скопската ЗОО, во вид на анимација на младите посетители и дружење со дел од животните. Оваа активност ќе трае до 13:00 часот. 

Во периодот од 13:00 до 16:00 часот ќе следуваат настапи на училишни бендови и млади талентирани изведувачи, како дел од забавната програма планирана за тој ден. Од 16:00 до 18:00 часот ќе има музика и забавен дел за сите присутни и минувачи на настанот. Во вечерните часови (19:30-20:30) планирано е да се одржат два последователни настани – доделување јубилејни плакети и „Оскари на хуманоста“.

Реклама

Поканети и наградени ќе бидат претставници од пет партнерски компании/институции: Алкалоид АД Скопје, Државна лотарија, Пивара Скопје АД, Град Скопје и Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на кои ќе им биде доделено јубилејно признание.  Ќе биде изведен и театарски перформанс.

Во рамки на манифестација „Оскари на хуманоста“ ќе се доделат награди – Оскари за општествена одговорност на корпоративниот сектор, поединции и образовни институции кои преку својот личен пример мотивираат, поттикнуваат и се вистински двигател за промоција на општествена одговорност. Оскари ќе бидат доделени на: Limak Skopje Luxury Hotel, КАНАЛ 5, ТЕЛМА, КОМОРА НА ПСИХОЛОЗИ, ДИМЕ ДОО СКОПЈЕ, РУДИНЕ/ OLYMPUS, Parti Servis Leo DOOEL, Авторска агенција „МАКАРА“.

– Со сите овие активности и со поддршка на нашите волонтери ќе ја доближиме мисијата и активностите на Црвен крст на Град Скопје до пошироката јавност, отворени за соработка со сите наши партнери и поддржувачи, достапни за нашите сограѓани, наведуваат од Црвениот крст на Град Скопје.