Реклама

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Економија

ЕК: Mакедонската економија ќе порасне за 3% оваа и 3.1% следната година

Раст од 3% оваа и 3.1% следната година. Европската комисија проектира дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Раст од 3% оваа и 3.1% следната година. Европската комисија проектира дека македонската економија ќе биде поттикната од инвестициите и од јавната потрошувачка. Во извештајот се нотира и дека невработеноста ќе продолжи да се намалува, а инфлацијата ќе се движи околу 2% во следните две години.

„Се предвидува дека растот постепено ќе се забрзува, поддржан од голем проект за јавна инфраструктура и од потрошувачката на домаќинствата, која има корист од силниот раст на платите и намалувањето на инфлацијата. Фискалниот дефицит се покажа помал во 2024 година од ревидираната цел на владата, делумно бидејќи капиталните расходи повторно беа недоволно имплементирани“ стои во извештајот на Европската комисија во делот посветен на Македонија.

Во извештајот пишува и дека ризиците за изгледите за раст произлегуваат од послабата домашна побарувачка од очекуваната.

Реклама

Најголем раст на економијата во 2025-та година во Европа треба да има Малта, 4.1%, а најнизок Австрија со -0.3% и Германија со 0%. Растот на ниво на цела Европска Унија треба да биде 1.1%.