Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Осудениците ќе добијат електронски алки, Пандов откри како истите ќе функционираат

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов најави дека во функција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов најави дека во функција се ставаат електронските алки односно можноста во Македонија да имаме затвореници во куќен затвор кои ќе бидат под електронски надзор. Според него, ова е голема работа со оглед дека во затворите низ земјава имаме 2300 затвореници и 400 притвореници. Во дел од затворите има над 100% исполнетост на капацитетот и оттаму основната намена на алките е да се намали затворската популација.

Во моментов, 60 лица се апликативни кои треба да добијат алки. Постојат два начини за добивање – самите затвореници преку нивните адвокати или самите затвори.

-Позитивните закони овозможуваат на три категории затвореници да имаат алки – на стари и изнемоштени лица, бремени жени или мајки со мали дечиња или на тешко болни и лица со инвалидитет. Самите затвори можат да побараат за одредена категорија на осуденици, кажа Пандов на прес-конференција и информира дека кај него на нога веќе има една алка која се тестира.

Реклама

Додаде дека алката функционира.

Според него, Управата за санкции формирало одделение за електронски надзор. Ако се оддалечиш од периметарот или ако го мрдате рутерот, алката покажува црвено и сигнализира. Од УИС потоа се јавуваат на осуденото лице затоа што во секој рутер има сим-картичка.

-Ако тој не се јави, има право на едно негово блиско лице кое може да се јави. Ако и тој не се јави, се јавуваме во полиција. Верувам дека човек кој што ќе добие алка дека нема да си дозволи да ја злоупотребува, прецизира Пандов кој информира и дека еден затвореник ја чини државата над 2000 денари дневно.