Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Осудени лица помагаа во расчистување на градскиот парк во Куманово

Осудените лица од казнено-поправната установа Затвор Куманово (К‘ шање) денеска го расчистуваа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осудените лица од казнено-поправната установа Затвор Куманово (К‘ шање) денеска го расчистуваа стариот градски парк во Куманово. Активноста се спроведува согласно потпишаниот меморандум за соработка меѓу јавното претпријатие  „Чистота и Зеленило“ – Куманово и Казнено-поправната установа.

-КПУ Затвор Куманово продолжува со соработката со јавните установи, денеска по претходно склучен меморандум за соработка со ЈП „Чистота и Зеленило“ осудените лица го средуваат паркингот кај градскиот парк. Во иднина ќе продолжиме со вклучување во акциите што ги спроведува јавното претпријатие во насока на расчистување и раззеленување на Куманово. Вклучувањето на осудените лица во вршење на општествено корисна работа е важен сегмент во успешно ресоцијализирање и реинтегрирање на осудени лица во затворски и пост-затворски период, кој исклучително придонесува во развивање на личните и социјалните вештини и го намалува ризикот од повторување на кривично однесување-изјави директорот на затворот, Оливер Цветковски.

Денеска десетина лица беа вклучени во акцијата за уредување на просторот. Директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Сашо Томиќ најави дека осудените лица ќе бидат вклучени во расчистување на депонии и одржување на гробишта и паркови.

Реклама

-Ни помагаат во секојдневните работни активности косење и чистење, изнесување на трева. Планираме такви работни активности од наредниот период, расчистување на одредени депонии кај „Анѓа Ранковиќ“. Во идниот период планираме да вршиме ангажмани и на корисници на социјална помош, во соработка со Центарот за социјална работа-изјави Томиќ.

Од претпријатието се надеваат на поефикасно уредување на градот со ангажман на осудените и на лицата корисници на социјална помош.