Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Османи се фали дека е усвоено предизборното ветување на ДУИ за вработување по етнички клуч во приватниот сектор

Владата се обидува да го протурка на мала врата планот за вработување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата се обидува да го протурка на мала врата планот за вработување по етнички клуч. Вчера го усвои Оперативниот план на Агенцијата за вработување, според кој, фирмите ќе добијат субвенции ако вработат лица кои останале без работа во ковид кризата, долгорочно невработени, но и оние што ќе ги запазат принципите за адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна и расна основа. И покрај тоа што сите фирми можат да конкурираат, јавноста е загрижена дека на компаниите ќе им биде поисплатливо да вработат некој од помалите етнички заедници и дека етничката припадност, а не квалитетот на кадарот ќе биде пресуден при ангажирање работници. Министерката за труд Јагода Шахпаска тврди дека 25-те милиони евра ќе бидат наменети за вработување на над 10 илјади луѓе согласно етничката структура на населението и стимулирање на рамномерниот регионален развој.

Во оперативниот план за 2021 на Агенцијата за вработување се предвидени 25 милиони евра за стимулирање на вработувања во приватниот сектор и тие, според она што го вели министерката, треба да се распределат според етничката структура во земјата и според принципот на рамномерен развој, односно да се дадат повеќе субвенции во оние региони кои се помалку развиени.

  • Ова е потврда на принципот на инклузивност и диверзитет согласно меѓународни стандарди  Со вицепремиерот Артан груби сакавме да го пресликаме општеството во овие мерки. Значи, рамноправно учествои, меѓутоа во услови кога имате припадници од различни етнички групи, нивната репрезентативност да биде на ист начин како што тие се застапени во општеството, појасни Шахпаска.

Министерот на ДУИ, пак, Бујар Османи побрза да се пофали на социјалните мрежи дека го исполниле предизборното ветување за вработувања според етнички клуч.

Реклама

„Денеска владата усвои два важни проекти кои ги ветивме во предизборната кампања:

1.    Субвенција за фер застапеност во приватни компании

2.    Закон за прогласување на Шар Планина за национален парк„-пишува Османи.

Главен идеен креатор и лобист за етничката застапеност, по рамковните вработувања во администрацијата, да се протурка задолжително и во приватниот сектор беше вицепремиерот од редовите на ДУИ Артан Груби. Тој се пофали дека ќе се стимулира вработување Албанци во македонски фирми уште пред повеќе од 6 месеци. Одредбата влезе и во владината програма. Тогаш, по бурните реакции од јавноста, премиерот Заев излезе со неколку различни ставови за само неколку недели.

„Нема таков дел во владата. Има дел кој зборува за рамномерниот развој“ – рече Заев на 31.08.2020.

„Дефинитивно кажувам. Субвенции има за сите, за сите етнички заедници, за сите иницијативи. Регионалниот пристап ќе продолжи“ – рече Заев на 18.09.2020.

Сепак, сега, 6 месеци подоцна може да се забележи дека идејата на ДУИ полека, но сигурно, ќе почне да се применува во пракса.

Тања Попова