Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Прилози

🎥Османи сака да гледа во иднината и го поддржува Филипче, но не ја заборава 2001 година

Некои се уште гледаат филмови од пред воената 2001-ва година, меѓутоа тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Некои се уште гледаат филмови од пред воената 2001-ва година, меѓутоа тоа сценарио во 2025-та нема да го видат, вели вицепремиерот и кандидат за градоначалник на Чаир од Вреди, Изет Меџити. Според него во Македонија по долги години, конечно можеме да видиме вистински соживот меѓу Македонците, Албанците и сите други етнички заедници, а Владата ќе продолжи да работи за доброто на сите граѓани во државата.

” Некои гледаат филмови пред 2001-ва, тој филм веќе не е во оптек и ова не е предмет на дебата. Охридскиот договор и бадентер се основата и темелите на новата Македонија, така да во овој дух Владата работи, така да тоа не е тема на дебата. Се друго е дневна политика и во фокус на следните локални избори.” – изјави Изет Меџити, кандидат за градоначалник на Чаир од Вреди.

Велејќи дека го заштитил македонскиот јазик, кандидатот за градоначалник на ДУИ за Чаир и поранешен прв дипломат Бујар Османи, вели дека тие ја воделе државата на некаков европски пат. Повикувјќи да се потпише меѓупартиски договор и да нема препукувања во однос на евроинтеграциите, тој одговори на понудата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче да се изгласа заедничка резолуција за македонските црвени линии.

Реклама

Според него партиите на оваа тема не требало да се критикуваат меѓу себе, ниту да се напаѓаат, туку заеднички да ја преземеле одговорноста.

“Покажавме дека нашата цел е да направиме унифицирање со цел да спречиме државата да скршне од европскиот пат, државата да скршне од европските вредности и да влезе во рускиот свет. Значи никогаш немало вакво окрупнување на заедниците во една алијанса и оваа битка ќе биде битка меѓу граѓаните кои што се за Европа и проектот, експериментот на премиерот Мицкоски, кој што се обудва да редизајнира и реконфигурира албанската политичка сцена по волјата на белата палата.” – изјави Бујар Османи, кандидат за градоначалник на Чаир од ДУИ.

Инаку, според претседателот на СДСМ, Филипче, мораме да останеме на она што веќе го прифати претходната власт предводена од Димитар Ковачевски, каде министер за надворешни работи беше Бујар Османи, односно францускиот предлог. Според него веќе сме го прифатиле затоа што бил подготвен од Европската Унија и друга шанса немало да имаме.