Реклама
Македонија

Ѓорѓиевски влегува со тројна предност во вториот круг за Скопје, ќе се бори со Мециновиќ – Шукова и СДСМ завршија на дури 4-то место

Скопје ќе добие градоначалник по вториот круг гласање на 2 ри Ноември.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје ќе добие градоначалник по вториот круг гласање на 2 ри Ноември. Предноста на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски е огромна пред против кандидатот Амар Мециновиќ од Левица. За кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ гласале 91. 612 граѓани а за кандидатот на Левица 30.662. Дебакл на овие избори доживеа Каја Шукова, кандидатката на СДСМ заврши дури четврта, за неа гласаа само 26.727 граѓани, што ја става поранешната министерка за животна средина, во друштвото со кандидатите на „Вреди“ и “ДУИ “ и е дури на четвртото место, односно по кандидатот на „Вреди“ Башким Бакиу за кого гласале 27.870. Кандидатот на ДУИ Скендер Реџепи, освои 26.073…Независните со многу слаб учинок –  со 7.662, или 3.30% Горан Марковски е кандидат со најмногу освоени меѓу независните, другите се движат со освоени гласови меѓу и 0,8 и 0,16% . Сега, во вториот круг, следува жестока борба за гласовите и довербата на граѓаните. „Првото полувреме го добивме убедливо, но натпреварот сè уште не е завршен. Победата мора да ја потврдиме и да ја направиме уште поголема,“ – Ѓорѓиевски најави дека во наредните две недели ќе биде присутен „во секое маало, на секоја улица и во секој дом“, со цел да разговара со граѓаните и да ја претстави програмата за подобро Скопје.

  • Оваа победа и водство во првиот круг не е моја лична победа. Ова е победа на сите вас, кои верувате во развиено, европско и функционално Скопје. Вашата доверба е најголемиот мотив, но и најголемата обврска за мене. Вие испративте јасна порака дека нашиот град заслужува и може многу подобро“, рече Ѓорѓиевски.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ порача дека Скопје покажало храброст и подготвеност за промена. – Левица испиша историја, првпат во независна Македонија, кандидат за градоначалник на главниот град кој не е поддржан ниту од ВМРО-ДПМНЕ ниту од СДСМ успеа да влезе во втор круг.

  • „Левица испиша историја, првпат во независна Македонија, кандидат за градоначалник на главниот град кој не е поддржан ниту од ВМРО-ДПМНЕ ниту од СДСМ успеа да влезе во втор круг. Тоа е доказ дека постои надеж и дека граѓаните веруваат во нова визија за Скопје“ – порача Мециновиќ.

Шукова не се појави ниту вечерта по изборите ниту денеска, но се обрати преку социјалните мрежи.

Реклама
  • Учеството на граѓаните во изборниот процес е темел на здраво општество што се стреми кон напредок и одговорност. Резултатот не е оној што го посакувавме, сепак горда сум на кампањата што ја водевме, чесно, транспарентно и со јасна визија за развој и подобар живот за сите жители на Скопје. Во овој изборен процес покажавме дека заедно можеме да градиме политичка култура заснована на почит, дијалог и идеи. Без разлика на изборниот резултат, јас ќе продолжам да работам за јавниот интерес“ напиша Шукова кандидат за градоначалник на Скопје од СДСМ.

Според првичните резултати од обработени 99,93% од гласовите во Советот на Град Скопје најмногу советници ќе има ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, односно 18 советници. По шест советници ќе имаат Коалицијата Вреди, ДУИ и Левица. СДСМ ќе има пет, а еден советник ќе има и ЗНАМ.