Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Свет

Орбан: Влегува во сила втората фаза од економскиот акционен план

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан го претстави вториот дел од сеопфатен акционен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан го претстави вториот дел од сеопфатен акционен план за ревитализација на економијата, како што го нарече „најголем во унгарската историја“.
Комплетната програма се состои од три фази: првата започна пред две недели, втората сега е во сила, а спроведувањето на третата ќе биде особено актуелно кога ќе заврши епидемијата на коронавирус.
„Наша цел е да создадеме што повеќе работни места, како вирусот уништува, истовремено да се бориме против епидемијата и последиците што ќе ги предизвика во економијата. Мора да ги спасиме животите на луѓето, но исто така мора да се грижиме за нивната иднина. Ситуацијата не е фер, не зависи од нас, но тоа не го менува фактот дека мора да се соочиме со сериозни предизвици.“ рече Орбан во обраќањето до нацијата.

Според него, КОВИД-19 се заканува дека ќе го загрози сето она што е направено во Европа и Унгарија во последните десет години.

Првата програма е за зачувување работни места, а во овој контекст, владата е подготвена да покрие за приватните претприемачи дел од платите за работниците. Втората е распределба на 450 милијарди форинти односно 1,2 милијарди евра за стимулирање на инвестициите, а третата е да се фокусираме на најранливите сектори, како што се туризмот, угостителството, градежништвото, филмската индустрија објаснува Орбан.
На деловните субјекти ќе им се нудат и заеми под поволни услови во износ од 2.000 милијарди форинти, а пензионерите не се заборавени бидејќи ќе добијат 13-та пензија од следната година.

Реклама

Имено Унгарија, освен што ни помогна нас испрати и еден авион во Србија полн со медицинска опрема. Министерката за евроинтеграции, Јадранка Јоксимовиќ на Србија, изјави дека Унгарија испратила значителна донација и медицинска помош во форма на 200.000 маски и 10.000 заштитни костуми за да му помогне на  здравствен систем во борбата против пандемијата КОВИД-19. Унгарија и Србија се во постојан контакт, разговараме за состојбата и превземање на мерки, стои во соопштението.

Викторија Миткова