Реклама

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Економија

Општините во фокус, Перински повика на партнерска соработка преку Ресурсниот центар

Во организација на Министерството за локална самоуправа денеска се одржа практична работилница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Министерството за локална самоуправа денеска се одржа практична работилница на тема: „Презентација на постапката за поднесување барање за поддршка од општините во рамки на Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините“.

– Иако локалната власт е самостојна и има сопствени изворни надлежности и одговорности, преку партнерска соработка и взаемна поддршка можеме да постигнеме многу повеќе. Затоа градиме концепт за синергија на сите расположливи ресурси во државата кои ќе бидат ставени во функција на општините, истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински, кој присуствуваше на настанот.

Тој додаде дека станува збор за процес што заеднички со општините ќе продолжат да го градат, унапредуваат и прилагодуваат, водени од реални потреби и искуства од секојдневното општинско работење.

Реклама

Во обраќањето, министерот за локална самоуправа упати апел до општините активно и рационално да ги користат расположливите механизми за поддршка.

Тој нагласи дека Владата останува силно посветена на поддршка на општините преку инвестиции, јакнење на капацитетите и обезбедување практични алатки што ќе придонесат за поефикасна локална администрација и поквалитетни услуги за граѓаните.

Министерството за локална самоуправа, како што најавија оттаму, и во наредниот период ќе продолжи со активности насочени кон унапредување на соработката со општините.

Работилницата беше наменета за претставници на општинската администрација, со цел нивно практично запознавање со дигиталната алатка, процедурите за поднесување барање за поддршка и начинот на евалуација на испорачаната поддршка кон општините.