Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов објави дека се исплатени средствата за првачињата, за што општината во месец август имаше објавено јавен повик.
-Исплатени се средствата за првачињата. На сметките на родителите/старателите на првачињата, кои поднесоа барање до општина Василево, а се запишани во основните училишта во општина Василево целосно е исплатена еднократната парична поддршка. По прибирањето на податоците од сите училишта заврши административната проверка и обработка со што сите средства ќе бидат на располагање на нивните трансакциски сметки, се наведува во пренесената објава на градоначалникот Андонов.
Согласно Јавниот повик, рокот за пријавување беше до 30 септември, а износот на еднократната парична помош за оние кои ги исполнуваат условите, односно се жители на општина Василево и за прв пат се запишани во прво одделение во некое од училиштата во општината, изнесува 2.500 денари.
Инаку, средствата за оваа намена се обезбедени од буџетот на општина Василево за 2026 година.

