Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Општина Струмица и „Завод и музеј“ потпишаа Меморандум за соработка

Во просториите на Општина Струмица, денеска потпишавме Меморандум за соработка со директорот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во просториите на Општина Струмица, денеска потпишавме Меморандум за соработка со директорот на НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Струмица“, Бранко Ѓоргиев, објави на неговиот фејсбук профил градоначалникот Петар Јанков.

Според него, со овој документ официјално се воспоставува партнерство меѓу двете институции со цел зајакнување на заштитата, промоцијата и валоризацијата на културното наследство на Струмица и регионот.

-Во рамките на соработката се предвидува заедничка подготовка и реализација на проекти, истражувачки иницијативи, едукативни програми, јавни настани и активности за подигнување на свеста кај граѓаните за значењето на културното наследство. Дополнително, ќе се разменуваат стручни знаења, професионални ресурси и добри практики за унапредување на локалните политики во областа на културата, се наведува во објавата на Јанков.

Реклама

Додава дека овој Меморандум претставува важен чекор кон долгорочна институционална соработка и поголема заштита и зачувување на богатото културно наследство во Струмица.