Општина Штип објави јавен повик за работно ангажирање на евидентирани невработени лица со ниски квалификации, во рамките на Програмата за работно ангажирање – „Јавни работи“ за 2026 година. Во соопштението од Општината се наведува дека ќе бидат ангажирани 30 лица за извршување активности поврзани со инфраструктурни проекти и заштита на животната средина на локално ниво.
-За работно ангажираните лица е предвидена финансиска поддршка од 800 денари дневно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа или професионална болест. Работниот ангажман ќе трае 30 дена, а во текот на еден ден работното време е четири часа, соопштуваат од општина Штип.
Невработените лица, кои се заинтересени можат да се пријават во Центарот за вработување – Штип, секој работен ден, до 23 октомври 2026 година, од 7.30 до 15.30 часот.

