Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Општина Ресен со финансиска поддршка на спортските клубови, сојузи и здруженија во градот

Општина Ресен објави јавен повик за доделување финансиски средства на спортски здруженија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Ресен објави јавен повик за доделување финансиски средства на спортски здруженија, клубови и спортски сојузи на територија на општината за 2026 година.

Целта на овој конкурс е да ја зацврсти и унапреди соработката на Општината со спортските клубови и организациите од областа на спортот преку воспоставување партнерски релации и да се поттикне решавање на локални проблеми и поддршка и развој на спортските активности кај младите, информираа од тамошната локална самоуправа.

Право на учество конкурсот имаат спортски клубови и здруженија регистрирани на територија на Општина Ресен како и спортски зруженија кои организираат настани и натпревари на територијата на Општина Ресен со кои се надградува спортската понуда на општината.

Реклама

Организациите од областа на спортот за добивање на финансиски средства од Буџетот на Општина Ресен со поднесување на нивната годишна програма треба да се регистрирани, да го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт, да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри, да се грижат за унапредување на младите и нивна поголема вклученост во спортските клубови и здруженија, и да не вршат политичко и верско организирање и дејствување.

За реализација на конкурсот, локалната самоуправа утврди критериуми за определување на висината на финансиските средства кои директно се поврзани со традицијата на спортското здружение или клубот, и успехот во минатите сезони, рангот на натпреварување во кое учествува, бројот на млади спортисти регистрирани во клубот и успехот на натпреварувачот и промоцијата на општината на државно и меѓународно ниво.