Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Општина Ресен ја интезивира легализацијата на бесправно изградени објекти

Општина Ресен ја интезивира постапката за легализација на бесправно изградени објекти која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Ресен ја интезивира постапката за легализација на бесправно изградени објекти која произлегува од Законот за постапување со бесправно изградени објекти чија важност изминува на 4 март 2026 година.

Од Општина Ресен посочуваат дека граѓаните треба да ја искористат законската можност и логистичката поддршка на локалната самоуправа.

-Градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски упати известување до сите граѓани кои како иматели на бесправни објекти кои се изградени на подрачјето на општина Ресен, имаат поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти или нивни делови согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти, а за кои сеуште не е донесено Решение за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект поради некомплетност на барањето, истите треба да го дополнат со бараните докази и да ги достават во Општина Ресен, преку архивата на општината, бидејќи важноста на Законот за постапување со бесправно изградени објекти изминува заклучно 4 март оваа година, нагласија од Општина Ресен.