Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Општина Пробиштип наплати 75 отсто од данокот на имот

Наплатата на данокот на имотот во Општина Пробиштип за 2025 година изнесува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наплатата на данокот на имотот во Општина Пробиштип за 2025 година изнесува 75 отсто или во буџетот на општината од планираните 5.815.628 денари до денеска наплатени се 4.635.016 денари.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски најави дигитализација и зголемена транспарентност во даночното работење на општината и какошто вели работи кои многу бргу ќе бидат достапни и видливи за сите граѓани. Инаку за поголема пристапност на граѓаните до општинските услуги канцеларијата на Даночното одделение на Општина Пробиштип, која претходно беше лоцирана на тртиот кат, од денес е преместена на приземје – во првата канцеларија веднаш по влезот во општинската зграда.

-Оваа промена е направена со јасна цел, да обезбедиме поголема пристапност, полесно добивање на услуги и побрза, поефикасна комуникација со сите граѓани. Паралелно, започнуваме со имплементација на конкретни активности за дигитализација и зголемена транспарентност во даночното работење на општината. Секогаш работиме во служба на подобри, поблиски и поефикасни услуги за граѓаните, вели Тоневски.

Реклама

Што се однесува за решенијата за правните лица, Општина Пробиштип има издадено вкупно 97 решенија, досега се наплатени  4.770.953 денари, или во проценти изнесува 87. Инаку овие средства од данокот на имотот, општината директно го инвестира во изградба и реализација на нови инфраструктурни проекти.