Реклама

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

Македонија

Општина Маврово и Ростуше со еднократна финансиска помош за 44 студенти

Во Општина Маврово и Ростуше, во оваа академска учебна година, право на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Маврово и Ростуше, во оваа академска учебна година, право на еднократна финансиска помош остварија 44 студенти, запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Македонија за академската 2024/2025 година.

-На јавниот повик објавен во март беа пријавени 45 студенти,  редовни и  вонредни, но кои не се вработени. По разгледување на доставените пријави, соодветната комисијата, одлучи 44 од нив да го остварат ова право, што е за 25 студенти повеќе. Набрзо се очекува средствата во износ од по 12 илјади денари, што е за 2 илјади повеќе во однос на минатата академска години да им бидат исплатени, рече Фикрет Ибраими, одговорен во секторот за информирање во општината.

Според него оваа финансиска помош се доделува, петта година по ред, со цел мотивирање на младите да го продолжат школувањето на високо образовните институции и да се трудат редовно да ги полагаат испитите.

Реклама

Оваа можност, која може да ја остварат само студенти кои се постојани жители во општината, почна да се аплицира од академската 2021/22 години, и до сега ја оствариле 150 студенти.

Општина Маврово и Ростуше од 2018 година еднократен паричен надоместок доделува и за секое новороденче, во семејства, кои живеат постојано на територијата на општината, а петта година по ред, во септември беше исплатен и надоместок за секое прваче.