Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Општина Куманово и УНДП објавија повик за избор на изведувач за реконструкција на музичкото училиште во Куманово

Општина Куманово, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП),…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Куманово, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), објави отворен повик за избор на изведувач за реконструкција на фасадата, кровниот покривач и прозорците на објектот на УОМО „Панче Пешев“, информираа денеска од општината.

Заинтересираните компании можат да аплицираат преку официјалниот портал за јавни набавки на УНДП, а крајниот рок за поднесување на понудите е 5 март 2026 година, до 11:00 часот. Деталните технички спецификации и услови за учество се достапни во документацијата објавена на линкот од повикот.

Интервенцијата претставува конкретен чекор во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, кој беше идентификуван како приоритетна мерка на два граѓански форуми одржани во 2025 година во Куманово.

Реклама

Проектот има јасна еколошка и енергетска димензија, со оглед на тоа што реконструкцијата на објектот е насочена кон подобрување на енергетската ефикасност и намалување на загубите на енергија, што индиректно придонесува за намалување на емисиите на штетни честички во воздухот. Ваквиот пристап се вклопува во пошироките локални и национални политики за справување со аерозагадувањето, кое со години претставува еден од најсериозните проблеми во Куманово.

Финансиската поддршка за проектот е обезбедена од Кралството Шведска и Општина Куманово, додека УНДП е задолжена за имплементацијата. Предвидените градежни мерки опфаќаат реконструкција на фасадата, замена или санација на кровниот покривач и подобрување на прозорската столарија, со што објектот ќе добие подобри енергетски перформанси и подолгорочна функционалност.