Реклама

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Македонија

Општина Кисела Вода и „Нула Отпад“ со проектот „Мал еко херој“ во градинките

Децата од градинката „Пеперутка 3“ во Драчево денеска учествуваа во едукативни и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Децата од градинката „Пеперутка 3“ во Драчево денеска учествуваа во едукативни и интерактивни активности во рамки на кампањата „Мал еко херој“ на „Нула Отпад“, преку кои учеа за правилното селектирање и рециклирање на отпадот, особено на старите батерии и електронските уреди.

Преку анимирани приказни, песни и едукативни игри, заедно со тимот на „Нула Отпад“ и роботчето Нула, најмладите се запознаа со значењето на правилното постапување со електронскиот отпад и неговото влијание врз заштитата на водата, почвата и животната средина.

Децата практично го покажаа стекнатото знаење преку игри за селекција на отпад, а воедно положија и еко-заклетва дека ќе се грижат за природата. На крајот од активностите секое дете доби диплома „Мал еко херој“, додека градинката доби признание „Градинка-пријател на природата“.

Реклама

Во активностите се вклучи и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска, која истакна дека ваквите иницијативи се важни за развивање на еколошката свест кај децата уште од најрана возраст.

-Како локална самоуправа, во Општина Кисела Вода, постојано работиме на подигнување на еколошката свест кај сите генерации и создаваме услови граѓаните полесно да селектираат. Во таа насока, токму пред оваа, но и пред сите останати детски градинки и основни училишта на територијата на општината, како и пред месните заедници, веќе имаме поставено специјални контејнери за текстилен отпад. Особено ме радува што граѓаните ја препознаа оваа иницијатива и активно се вклучија, па за само една година од сите локации во општината се собрани над 10 тони текстилен отпад. Продолжуваме со вакви проекти, бидејќи чистата животна средина е наша заедничка одговорност – изјави градоначалничката  Стаменкоска Трајкоска.