Реклама

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Македонија

Општина Кисела Вода го одбележа Меѓународниот ден на старите лица: Континуирана грижа и поддршка за повозрасните граѓани

По повод денешниот 1 Октомври, Меѓународен ден на старите лица, градоначалничката на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод денешниот 1 Октомври, Меѓународен ден на старите лица, градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајкоска, посетила на неколку домови на територијата на општината.

-Во непосреден и срдечен разговор со лицата кои своето секојдневие го минуваат во Домот за стари лица „Дабески лукс“ и Домот за стари лица „Сонце“, покрај тековните потреби, се споделуваа животни приказни, убави спомени, но и секојдневни размислувања. Низ отворен разговор за нивните навики и предизвици со кои се соочуваат, градоначалничката ја истакна важноста на континуираната грижа за овие граѓани која е на високо ниво во рамките на општината и потенцираше дека Општина Кисела Вода ќе продолжи со своите заложби за обезбедување уште повеќе можности, информираат од Општина Кисела Вода.

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска истакнала дека средбите биле можност да поразговара, да се насмее заедно со старите лица, но како што вели и внимателно да ги слушне нивните потреби.

Реклама

-На овие луѓе честопати најмногу им значи самото внимание и убавиот збор, но наша задача е и преку конкретни дела секојдневно да им го олеснуваме животот. Ние како локална самоуправа продолжуваме да бидеме нивен стабилен партнер кој постојано ќе нуди практична помош и сигурност – истакнала градонбачалничката. 

Во насока на овие заложби, како што најавуваат од Општината, продолжуваат услугите за старите лица во Кисела Вода: помош и нега во домот преку Црвениот крст, посебен превоз за стари лица, како и услугата „итно копче“.  Дополнително, потенцираат, континуирано продолжува и поддршката која се дава на здруженијата на пензионери за нивните активности и меѓусебни дружби.