Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Општина Кисела Вода го модернизира осветлувањето, ЛЕД светилки со паметен систем за контрола

Општина Кисела Вода информира дека продолжува со проектот за замена на уличните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Кисела Вода информира дека продолжува со проектот за замена на уличните светилки со цел подобрување на осветленоста и енергетската ефикасност на јавните површини. Се работи во населбата Пинтија, во рамки на втората фаза од проектот кој ги опфаќа и населбите Кисела Вода и Припор.

Досега се заменети над 2 400 светилки во населбите Пржино и Црниче.

– Со новите ЛЕД светилки осветлувањето ќе биде поекономично, со намалена потрошувачка на енергија во споредба со старите светилки, а нивниот век на траење е 4,2 пати подолг. Дополнително, светилките ќе се управуваат преку паметен систем, кој овозможува подобра контрола и ефективност, се наведува во соопштението.

Реклама

Реализацијата на овој проект, кој се изведува во пет фази, обезбедува безбедни, современи и функционални улици со пониска потрошувачка на енергија и долготрајни решенија за јавното осветлување во општина Кисела Вода.