Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Општина Кавадарци повика заинтересираните да се пријават за Водици

Општина Кавадарци денеска ги повика заинтересираните да се пријават за фаќање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Кавадарци денеска ги повика заинтересираните да се пријават за фаќање на крстот в понеделник на Водици.

– Општина Кавадарци и годинава со црквите „Свети Димитрија“ и „Света Петка“ ја продолжува традицијата за потопување на чесниот крст за прославата на Водици. По тој повод, упатуваме јавен повик до сите граѓани кои се заинтересирани да земат учество во одбележување на празникот Богојавление – Водици, да се пријават во црквата „Свети Димитрија“, се наведува во соопштението.

Беше упатена и покана до сите оние кои сакаат да учествуваат во црковниот чин, да дојдат во црквата „Свети Димитрија“ и заедно со поворката и свештените лица, со литија да се упатат кон градскиот мост.

Реклама

– Настанот ќе се одржи в понеделник – 19 јануари, во водите на реката Луда Мара на градскиот мост на улицата „7 Септември“. Потопувањето на крстот ќе биде од 11 часот, веднаш по одржувањето на божествената литургија. За најсреќниот учесник кој ќе го фати крстот следуваат награди, стои во соопштението.