Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Општина Илинден ќе донира 500.000 денари за настраданите во пожарот во Кочани

Општина Илинден ќе донира 500.000 денари за настраданите во пожарот во Кочани.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден ќе донира 500.000 денари за настраданите во пожарот во Кочани. По трагичниот пожар што ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година, при што загинаа најмалку 59 лица, а над 190 се повредени, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изрази длабоко сочувство и солидарност за погодените семејства и предложи до Советот на општината, Општина Илинден да донира 500.000 денари од општинскиот буџет за помош на настраданите семејства.

Во знак на поддршка, Општината одлучи да ги донира овие финансиски средства во Фондот за солидарност на Црвениот крст на Република Македонија, со цел да се обезбеди директна помош на погодените семејства.

Градоначалникот Георгиевски истакна дека оваа донација е мал гест на солидарност кој има за цел да им помогне на семејствата погодени од оваа тешка трагедија. Тој изрази надеж дека овие средства ќе придонесат за пребродување на тешката ситуација во којашто се наоѓаат семејствата погодени од оваа катастрофа.

Реклама

„Оваа најнова донација е само еден од многуте примери за посветеноста на општината кон заедницата и солидарноста во време на криза. Општина Илинден продолжува да ги поддржува хуманитарните активности, редовно учествувајќи во донации и помош за оние на кои им е најпотребно“, велат од општината.