Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Општина Ѓорче Петров ја воведува услугата – „Итно копче“, за поддршка на изнемоштени и болни лица

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска ја промовираше услугата „Итно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска ја промовираше услугата „Итно копче“, наменета за лица над 65 години кои живеат сами, како и за други изнемоштени и болни лица на територијата на општината. Оваа услуга, која се спроведува во соработка со Црвениот крст на град Скопје, ќе им овозможи на корисниците да добијат итна помош со едноставно притискање на едно копче.

„Со воведувањето на „Итно копче“, ние како општина ја зајакнуваме грижата за најранливите категории граѓани. Секој оној кој има потреба од помош ќе може да ја добие 24/7, со поддршка од обучени тимови. Оваа услуга за корисниците од Општина Ѓорче Петров ќе биде целосно бесплатна, бидејќи сите финансиски средства за нејзината реализација ги обезбедуваме ние“, истакна градоначалникот Стојкоски.

Преку оваа услуга, корисниците ќе имаат можност:
– Да добијат итна поддршка во секој момент кога им е потребна.
– Да бидат во контакт со стручни оператори, кои ќе им дадат насоки за понатамошно постапување.
– Да добијат прва медицинска или психолошка помош, како и транспорт до соодветна здравствена установа.
– Да имаат бесплатно техничко одржување на аларм-уредот.

Реклама

Сите жители на Општина Ѓорче Петров кои живеат сами и имаат здравствени проблеми можат да се пријават за услугата на телефонскиот број 076 212 329 или на email: [email protected].

Општина Ѓорче Петров продолжува со посветена работа во унапредување на социјалните услуги и грижата за своите сограѓани!