Реклама

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Македонија

Општина Делчево се приклучува кон кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Општина Делчево се приклучува кон меѓународната кампања „16 дена активизам против родово…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево се приклучува кон меѓународната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, чија цел е подигнување на јавната свест, поттикнување на општествената одговорност и испраќање јасна порака дека насилството врз жените и девојчињата е неприфатливо.

Овогодинешната кампања е посветена на економското насилство врз жените, кое претставува една од најмалку препознаените форми на родово базирано насилство. Тоа се манифестира преку финансиска контрола, ограничување на пристапот до вработување и сопствени приходи, исклучување од наследни и имотни права, економска експлоатација, како и нееднаква распределба на неплатената грижа и домашните обврски.

Од Општина Делчево посочуваат дека економското насилство не е секогаш видливо, но остава сериозни последици врз животот и независноста на жените. Притоа нагласуваат дека економската независност е право, а не привилегија и дека секоја жена треба самостојно да одлучува за својата работа, приходите, имотот и иднината, без контрола, притисок или ограничувања.

Реклама

Општината ја потврдува својата заложба за градење општество во кое жените и мажите имаат еднакви можности, права и пристап до ресурси, а секоја форма на насилство се препознава, пријавува и соодветно се санкционира.

Преку приклучувањето кон кампањата, Општина Делчево повикува на поголема информираност, солидарност и заедничко дејствување, со порака дека општество без насилство се гради преку свесност, храброст и одговорност од сите граѓани.