Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Општина Дебар со нула толеранција за узурпација на државно земјиште, вклучително и покрај Дебарско Езеро

Градоначалникот на Дебар, Фисник Меља, порача дека во ниту еден момент нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Дебар, Фисник Меља, порача дека во ниту еден момент нема да биде дозволена никаква градба без дозвола покрај Дебарско Езеро.

-Во последните денови, во подрачјето на Дебарско Езеро, беше констатиран обид за узурпација на јавна сопственост. Благодарение на итната реакција на Општина Дебар и соработката со надлежните служби, јавниот простор беше ослободен без одложување, а местото на настанот беше обележано со службени ленти за да се спречи каква било понатамошна интервенција, информираше Меља.

Додаде дека општината нема да толерира узурпација на земјиште во државна сопственост на целата територија, а тоа значи и за просторот покрај Дебарско Езеро.

Реклама

-Сакам решително да нагласам дека ваквите појави им припаѓаат на минатото. Во Општина Дебар нема да дозволиме ниту еден обид за злоупотреба на заедничката сопственост. Институционалната реакција ќе биде итна, одлучна и бескомпромисна кон секое прекршување што има за цел узурпација на јавните простори. Јавната сопственост за нас е света. Таа им припаѓа на сите граѓани и ќе биде заштитена со максимална посветеност, посочи тој.

Најави дека ќе продолжат да работат секојдневно за „ниту една педа земја од заедницата да не биде злоупотребена или загрозена“ и ги повика граѓаните да ги известат општинските институции за секој сомнителен случај, со што, рече тој, заедно ќе го „заштитиме Дебар и нашата заедничка иднина“.

Со години наназад на брегот на Дебарско Езеро, главно кај градската плажа, месноста „Три чешми“, дури и во делот засаден со борови дрвја, присутна е појавата на нелегално зафаќање на простор и изградба на нелегални индвидуални станбени објекти и кафулиња. Поднесувани се кривични пријави од страна на ОВР Дебар за узурпација на земјиштето и уништување борови дрвја, но до сега не е урната ниту една дивоградба.