Реклама

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Македонија

Општина Дебар првпат учествува на Меѓународниот саем за туризам EMITT во Истанбул

Општина Дебар првпат учествува на Меѓународниот саем за туризам EMITT во Истанбул,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Дебар првпат учествува на Меѓународниот саем за туризам EMITT во Истанбул, Турција, означувајќи значаен чекор кон меѓународна промоција на туристичките потенцијали на нашиот град, проект кој се реализира во соработка со Министерството за култура и туризам на Македонија, информираа од Општината.

Во рамки на саемот се претставуваат природните убавини, културното наследство, традициите и препознатливото гостопримство на Дебар, претставувајќи го градот како дестинација со голем потенцијал за развој на туризмот.

– На саемот, заедно во македонската делегација, која ја  предводи Зоран Љутков, министер за култура и туризам, се и Фисник Мела, градоначалник на Општина Дебар,  како и Менди Ќира, градоначалник на Општина Струга. На овој значаен собир, беа реализирани средби и со повеќе туристички агенции, со цел зголемување на соработката и привлекување на што поголем број туристи во нашиот град, стои во објавата.

Реклама

Градоначалникот Фисник Меља истакнал дека претставувањето на Дебар на саем, од вакви размери, претставува важен момент за иднината на туризмот во градот и за зајакнување на неговата видливост како туристичка дестинација.

– Преку ова претставување, Дебар има за цел да се позиционира како привлечна дестинација за природен и културен туризам, зацврстувајќи ја улогата на туризмот како важен столб на локалниот економски развој. Дебар – природно и културно богатство што чека да биде откриено, се наведува во објавата.