Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Општина Дебар обезбеди 2.542 канти, наменети за собирање на мешан комунален отпад

Новата локална власт го направи првиот чекор за почиста животна средина, за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новата локална власт го направи првиот чекор за почиста животна средина, за која даде ветување, објави градоначалникот Фисник Меља.

-Општина Дебар го прими првиот контингент  од 2.542 канти, секоја со капацитет од 120 литри, наменети за собирање на мешан комунален отпад. Ќе бидат распределени од врата до врата низ целиот град Дебар и околните села, стои во објавата.

Оценува дека ова претставува една од шесте клучни точки во проектот поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Швајцарската агенција за развој и соработка – SECO, како дел од Регионалната програма за управување со цврст отпад во Југозападниот плански регион на Република Северна Македонија.

Реклама

-Ова е само првиот чекор кон нашата цел – да го направиме Дебар еден од најчистите општини во Македонија, наведува тој.

Додава дека дистрибуцијата на кантите  значително ќе ја олесни работата на јавните комунални служби, ќе ја подобри ефикасноста на нашите услуги и директно ќе придонесе за почиста општина.