Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ООУ „Блаже Конески“ домаќин на презентација на средните стручни училишта во Аеродром – младите таленти и занаети во фокус

ООУ „Блаже Конески“ денеска беше домаќин на презентација на средните стручни училишта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ООУ „Блаже Конески“ денеска беше домаќин на презентација на средните стручни училишта во Аеродром и место каде што знаењето, талентите и занаетите се споија во една инспиративна и едукативна атмосфера. Како што соопшти Општина Аеродром, во соработка со Занаетчиската комора и со средните стручни училишта на Град Скопје, учениците имаа можност одблиску да се запознаат со различни струки, професии и можности за продолжување на своето образование.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, кој ја истакна важноста од навремено препознавање и поттикнување на детските таленти, интереси и способности.

-Секое дете носи посебен потенцијал и токму затоа наша обврска како општество е да им помогнеме навреме да го пронајдат својот пат. Занаетите имаат огромна вредност и значење, а вложувањето во младите е најважната инвестиција за иднината, истакна Митески.

Реклама

Учениците на настанот покажале голем интерес за различните образовни насоки и професии, а ваквите средби претставуваат значајна поддршка во нивниот избор за понатамошно образование и професионален развој.

-Општина Аеродром останува посветена на создавање можности за младите, поддршка на нивните таленти и поттикнување на квалитетно образование. Учениците од Аеродром со своите успеси, освоени награди и интереси во различни области секојдневно потврдуваат дека се нашата најголема гордост и надеж за подобра иднина, стои во соопштението од Општината.