Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

„Онкологија 2“: Сослушани поранешни членови на УО на Клиниката за онкологија

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, кои биле членови на Управниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, кои биле членови на Управниот одбор на Клиниката за онкологија од 2018 до 2024 година, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал.  

Сведокот, кој од 2018 до 2024 година бил член на Управниот одбор на Клиниката за онкологија, одговараше за начинот на кој во тоа време на Клиниката се набавувала терапија од условен буџет. 

На УО директно не му била презентирана финансиската состојба на Клиниката, појаснувајќи дека на седниците им било кажано дека во периодот 2018 и 2019 има доволно пари, додека за останатите години им било презентирано дека немало пречекорување. 

Реклама

Од директорот Нино Васев, додека присуствувал на седниците на УО во 2019 година, сведокот рече дека од него им било презентирано дека имаат доволно средства и Клиниката успешно ќе ја заврши годината.

Кога дошла Клисаровска, на седниците на УО било кажано дека Клиниката има финансиски проблеми.  УО, сведокот појасни, дека одлуките ги носи со гласање на седниците. За усвојувањето на  годишните завршни сметка, рече не се сеќава како гласала, но дека биле донесени. 

Вториот сведок, специјалист пулмолог, кој бил надворешен член на Управниот одбор на Клиниката за онкологија од крајот на 2018, до крајот на 2024 година, рече дека на седниците можно е да се презентирани бројот на пациенти, но поединечно која терапија ја примале не. 

Тој рече дека секоја година имале веројатно 20-30 седници и на секоја повеќе од 4-5 точки и дека не може да се сети на детали. 

Сведокот рече дека не може да се сети дека било презентирано за некакви финансиски проблеми на Клиниката, но дека моме да се сети дека им било презентирано дека имало недоволно средства за набавување посебно на биолошката молекуларна терапија, кога имало потреба од дополнителна набавка на таква терапија. 

-Во УО немавме член од економски или финансиско работење и на скоро сите седници беше присутна раководителот на финансии Јасмина Николовска Цветановска и дипломиран правник, кој беше записничар, рече сведокот. 

Тие рече сведокот, се грижеле за правниот основ и им ги образложувале сите работи, додека тие, како УО на крајот одлучувале. 

Обвинетите Васев и Нухи на почетокот негираа вина за делата кои им се ставаат на товар. Одбраната, тврди дека обвинението против нив е неосновано и политички монтирано врз основа на економско вештачење од лица кои се исто инкриминирани, наведувајќи дека станува збор за претходниот медицински и економски директор на Клиниката кои биле сменети од Васев.  

Кривичниот суд во јуни, годинава го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година.