Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

„Онкологија 2“: Одбраната на Васев бара ефикасна постапка, Нухи инсистира на читање сите докази

На денешното рочиште за судскиот предмет „Онкологија 2“ адвокатите на двајцата обвинети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешното рочиште за судскиот предмет „Онкологија 2“ адвокатите на двајцата обвинети изразија различни ставови за начинот на изведување на обемните материјални докази. Додека одбраната на првообвинетиот Никола Васев побара од судот селекција и читање само на клучните докази за да се избегне неоправдано одолжување, бранителката на второобвинетиот Нехад Нухи инсистира секој доказ да биде поединечно изведен во судницата.

Бранителот на Васев, адвокатот Боби Спирковски, реагира на механичкото читање на илјадници страници докази од економско-финансиска природа оценувајќи го како нарушување на начелото на ефикасност и непотребно пролонгирање на постапката.

Спирковски му предложи на судот да определи читање само на клучните и на спорните докази, кои се директно релевантни за инкриминациите, а другите материјални докази да се сметаат за изведени со увид. Доколку продолжи досегашната практика, одбраната на Васев најави дека ќе побара раздвојување на постапката.

Реклама

– Доколку и покрај интервенцијата на судот продолжи практиката на очигледно одолжување на постапката преку изведување огромен број нерелевантни материјални докази, ќе бидеме принудени да употребиме и дополнителни процесни механизми предвидени со ЗКП, вклучително и евентуален предлог за раздвојување на постапката во согласност со член 29 од ЗКП по основ на разни сфери на одговорност на обвинетите доколку понатамошното заедничко водење на постапката почне сериозно да го загрозува правото на обвинетиот Васев на судење во разумен рок и ефикасна одбрана – истакна Спирковски.

Спротивно на овој предлог, бранителката на второобвинетиот Нехад Нухи, адвокатката Анита Бегова, нагласи дека под превезот на ефикасност не смее да се занемарат правата на обвинетите во докажувањето на нивната невиност.

Бегова посочи дека одбраната доследно се јавува на секоја покана, не ја одолжува постапката и инсистира сите докази физички да бидат присутни во судницата за да се изврши увид во нивната веродостојност и изворна точност.

– Ефикасноста на постапката не значи неизведување докази, односно префрлање наслови на докази од УСБ-стик на која било страна, без презентирање на таквите докази. Ова дотолку повеќе што основно начело на кривичната постапка е никој невин да не биде осуден и секој виновен да одговара пред законот – потенцира Бегова нагласувајќи дека не прифаќа и не дава согласност поинаку да се изведуваат предложените докази.

Со ставот на својата бранителка пред судот се согласи и второобвинетиот Нухи.

– Се согласувам со наводите на мојот бранител и барам секој доказ што мене ми се става на товар да биде читан – изјави Нухи.

Во предметот „Онкологија 2“, Никола Васев и Нехад Нухи се обвинети дека во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што, според обвинението, го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра. Двајцата обвинети ја негираат вината. 

Покрај овој предмет, во тек е и постапката „Онкологија 1“, во која Васев и уште двајца лекари се обвинети за несовесно лекување пациенти.