Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Олеснувања за болните од рак: Рецепти за таблетарна терапија ќе издаваат матичните лекари

До крајот на месецот онколошките пацинети дел од лековите ќе можат да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До крајот на месецот онколошките пацинети дел од лековите ќе можат да си подигаат од аптеките во своето место на живеење. Наместо да патуваат до Клиниката за онкологија во Скопје, тоа ќе го завршат со рецепт од своите матични лекари. Ова е конкретен чекор за олеснување на нивното лекување.

Одлуката е помината низ филтерот на здравствените власти, се очекува да биде објавена и во службен весник за лекарите да имаат зелено светло за издавање рецепти.

“Се надеваме дека со тоа ќе се намалат упатите, пациентите нема да се малтретираат секој ќе ја добива терапијата во својот град.Нема луѓето од Гевгелија, Берово Дебар…од секаде да идат и со саати да се возат и таму со часови да чекаат.Мислам дека ќе биде добро , тоа ќе биде по препорака од специјалист поминато е на Управен на Фондот и чекаме уште во службен весник да испадне, за да може да се издаваат рецептите од страна на матични” вели д-р Чолакова Дервишова.

Реклама

Станува збор за лековите летрозол и анастразол кои ги употребуваат околу 2.500 болни.

Пациентите задоволни од одлуката, велат дека за 50 проценти ќе биде намален притисокот врз Клиниката за онкологија, а со тоа се става крај и на нивните голготи со долги патувања и финансиски трошоци да дојдат до главниот град и да ја подигнат терапијата.

“Ова ќе значи олеснителна околност за пациентите но и за клиниката што значи дека за 50 проценти ќе намали гужвата таму и сите кои се на таблетарна терапија нема да има потреба од било кој од Македонија да одат на Онкологија. Во исчекување на тие административни процедури иако  одлуката е донесена до матичните, меѓутоа се дури не се објави таа постапка во службен весник не може ништо да започне” – велат пациентите.

Освен со земањето на лековите, се олеснува и третманот на онколошките пацинети. Пред една недела започнува дисперзијата на болните од рак ширум Македонија. Специјалисти од Скопје еднаш неделно дежураат во битолската болница, а наскоро тоа ќе го прават и во Тетово и Штип.