Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Околу 12 илјади граѓани нема повеќе да чекаат потврда за ослободување од партиципација преку поврзување на системите на социјална и здравствена заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста дека граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста дека граѓаните – корисници на права од системот на социјална заштита кои се ослободени од партиципација за користење на здравствена заштита, можат непречено да ги остваруваат своите права без притоа тоа да го докажуваат со потврда од центарот за социјална работа.

Досегашните административни бариери се веќе надминати, преку поврзување на системите на социјална и здравствена заштита односно Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Фондот за здравствено осигурување и тоа за вкупно 11.943 корисници на права од системот на социјална заштита.

Во оваа група спаѓаат:

Реклама

– осигурените лица со попреченост, според прописите за детска заштита и социјална заштита;
– корисниците на гарантирана минимална помош, кои се лица неспособни за работа и корисници на вон-семејна заштита, според прописите за социјална заштита;
– корисници на надоместок за помош и нега од друго лице кои не се по друга основа здравствено осигурени;
– корисници на право на социјална сигурност на стари лица и
– корисници на право на посебен додаток.

Министерството за социјална политика, демографија и млади продолжува во континуитет да се залага за унапредување на правата на сите граѓани без исклучок со посебен акцент на лицата од ранливите категории.