Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Околу 10 милиони евра ќе се вложат во реконструкција на објекти на македонската Армија, најави Мисајловски

Седумнаесет реконструкции на објекти на македонската Армија ќе има оваа година, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Седумнаесет реконструкции на објекти на македонската Армија ќе има оваа година, а инвестицијата е околу десет милиони евра, најави денеска при посетата на касарната „Јане Сандански“ во Штип, министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Тој денеска заедно со претставници од Генералштабот на Армијата и Mинистерството за одбрана извршија увид во градежните активности на објектите кои што се реконструираат. 

-Денеска можеме да видиме еден целосно готов објект. Но, и еден кој што е речиси до 70 проценти завршен. Очекувам дека во следниот месец комплетно ќе биде завршен овој објект, објектите 34 и 35. Со овие услови покажуваме дека целосно се грижиме за нова модерна инфраструктура. Ова се само дел од објектите кои што ги реконструираме. Како што можете да видите комплетно нова реконструкција, а ова ќе го правиме во сите касарни. Постојано вложуваме во нови проекти, рече Мисајловски. 

Реклама

Министерот за одбрана истакна дека реконструкцијата на двата објекти во касараната „Јане Сандански“ во Штип чинат околу еден милион евра. Тој наброи само дел од проектите, кои според него се значајни, а наведе и нови, кои се очекуваат во текот на годината. 

-Околу 17 нови проекти очекуваме оваа година да започнеме, а заедно оваа година и наредната преку 10 милиони евра планираме да вложиме дирекно во инфраструктурата. Да ги реконструираме сите овие капацитети, што ги имаме како министерство за одбрана, каде што со години не беа пипнати, рече Мисајловски.