Реклама

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Македонија

ОЈО Тетово бара повисока казна за возачот кој смртно ја прегази младата Теодора

Преблага казна изрекол судијата Ељведин Ферати за возачот кој ја прегази 22-годишната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преблага казна изрекол судијата Ељведин Ферати за возачот кој ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска. Обвинителството се жали пред Апелација Ана одлуката само 2 години затворска казна за Менсур Пајазити, кој ја доби во повторената постапка од тетовски суд. Обвинителите велат никогаш не се согласиле на двегодишен затвор поради тешките последици, а го земале предвид и претходно даденото мислење од Судскиот совет кој ги проверуваше одлуките на сите судови кои одлучувале за првичната казна од три ипол затвор – покрај тетовски основен суд, гостиварска Апелација и Врховниот суд.

  • ..Со оглед на тоа што Јавното обвинителство во претходната постапка за овој настан во ниту еден момент не се согласило со двегодишна затворска казна, надлежниот јавен обвинител смета дека сепак има простор за корекција на санкцијата. Дополнително, и семејството на жртвата кое во оваа фаза од постапката нема право на жалба, писмено со обрати до обвинителството за да побара да ја обжали пресудата“, велат од Обвинителството.

Судскиот совет претходно оцени дека судијата Ферати не смеел да пресуди повеќе од две години за возачот кој ја прегази 22 годишната Теодора. Тој постапувал согласно одлуките кои претходно ги донеле гостиварска Апелација и Врховниот суд, не смеел да ја зголеми казната на штета на Менсур Пајазити во однос на квалификацијата на делото и на кривичната санкција.

Според образложение на Судски совет работите би биле поинакви, ако на првостепената пресуда кога возачот Менсур Пајазити беше осуден на три години и шест месеци, се жалело и Обвинителството. Тогаш, при повторување на постапката, судијата ќе можел да одреди и повисока казна. Но, не само што Основното обвинителство-Тетово немало жалба, туку Вишото јавно обвинителство, прво барало да му се потврди казната, а потоа се предомислило и барало пониска казна. И така била изречена последната санкцијата од две години затвор.

Реклама

Семејството на Теодора изрази сомнежи за политичко влијание, мито и корупција за пресудата од Ферати. Со писмо до јавноста, родителите и сестрата беа децидни дека до крај ќе ја бараат правдата.