Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ОЈО предложи притвор за заканувачот Емил Јакимовски

Загрозување на сигурноста при семејно насилство и по пат на информатички систем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Загрозување на сигурноста при семејно насилство и по пат на информатички систем како и непочитување судска наредба се трите кривични дела кои скопското обвинителство му ги става на товар на заканувачот Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар. За сите дела поединечно предвидени се високи затворски казни. За обвинителството постои основ Јакимовски да заврши во притвор поради опасност од бегство, повторување на делото и влијание врз сведоци.

Тој беше уапсен вчера, по серијата вербални напади и деноноќно вознемирување на новинарките Искра Коровешовска и Мери Јордановска, но и на други лица. По 20 часа помина на распит во полициска станица, судија на претходна постапка одлучи по барањето на обвинителството кое бараше Јакимовски да оди во Шутка.

Основ повеќе за притворот на Јакимовски е што тој веќе еднаш бил правосилно осуден за семејно насилство со условна казна дека не смее да го повтори делото во рок од 3 години, во спротивно му се заканува затвор од 1 година. Изминатиов период освен од новинарките Искра Коровешовска и Мери Јордановска, во полиција стигнале пријави  и од други лица кои не биле поштедени од него. На листата жртви на Јакимовски била и директорката на Централен регистар каде тој до скоро беше вработен.

Реклама

Катерина Гетева