Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

ОЈО молчи, Тричковски му се заканува на Христијан М.

Дали јавното обвинителство повторно ќе биде нем набљудувач на ширењето говор на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали јавното обвинителство повторно ќе биде нем набљудувач на ширењето говор на омраза на социјалната мрежа Фејсбук, по објавата на статусот на новинарот и колумнист Бранко Тричковски кој напиша „Што ако умре Христијан М?. Од обвинителството, стандарден одговор на прашањето на Алфа, во врска со постот на новинарот – ги следеле постовите и доколку утврдат прекршување на законот, ќе отвореле постапка. Тричковски разработува „план Б“ во писанието на Фејсбук, го испуштил презимето во постот, но на кого алудира новинарот?

„Значи, што ако Христијан М. не напушти!? Ќе чека ли нацијата некаков конгрес на вмро-дпмне, во Солун или во Горна Џумаја, каде било во Македонија, да бира нов претседател, нов лидер. Ќе чека. Добро, ќе чека, но времето нема да чека и не чека. Пред кого ќе одговара Заев. Му ветија на човекот дека ќе одговара. Сите, па и вмро треба да бидат одговорни спрема преземените обврски“ – пишува Тричковски на Фејсбук.

Одговорност за Тричковски побараа и од ВМРО ДПМНЕ, портпаролот на партијата го повика обвинителството да реагира.

Реклама

„Грозомориите искажани од луѓе платени и ангажирани од провладини медиуми (класификација на Зоран Заев) мора да сносат одговорност за јавно искажана омраза, нејзино јавно ширење и повик за убиство веднаш. ВЕДНАШ да се поднесе Кривична пријава за говор на омраза и загрозување на сигурноста, од секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР до ОЈО – напиша Наум Стоилковски

Ова не е прв случај Тричковски да шири говор на омраза, свесно манипулирајќи правописно. Таков беше случајот со поранешната техничка министерка за труд и социјла Мизрахи, која Тричкоски ја напиша Мизерахи, и напиша – „Слушам дека Мизерахи јадела хумис од мртви Евреи!“

За овој пост МВР уште во февруари побара обвинителството да отвори постапка, но оттаму за ова се уште нема одговор.

Катерина Гетева