Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Охридското Езеро по 6 години ќе се издава под концесија

По пауза од 6 години, Охридското Езеро повторно се издава под концесија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По пауза од 6 години, Охридското Езеро повторно се издава под концесија, но наместо еден, овој пат со езерото ќе стопанисуваат 7 здруженија. Министерот за земјоделство Трипуновски и официјално потврди дека постапката е веќе завршена, езерото е поделено на 7 риболовни зони и тоа: Радожда, Калишта, Струга, Охрид, Воска, Пештани и Трпејца. Останува да се потпишат договорите со правните лица кои во наредните 12 години ќе стопанисуваат со езерото. Спортските риболовци со поделени мислења, некои сметаат дека ќе биде тешко да се контролира работата на концесионерите. Стопанисувањето со езерото е вносен бизнис и државата не смее како што тоа беше досега, да им го дава в раце Охридско на луѓе кои единствено водат сметка само за приходот кој го остваруваат стопанисувајќи со езерото, не водејќи грижа за заштитата на рибната популација.

”До сега не можеа еден концесионер да контролираат што се правеше, а како ќе контролираат 7 концесионери.Тие ќе се испотепаат меѓу себе во езеро”- вели Радован Димитриески-здружение “Рибарски приказни”

Од ресорното министерство ценат дека на овој начин ќе има подобра заштита на рибниот фонд од рибократците кои ги сотреа пастрмката и белвицата.

Реклама

“Видете она што јас како министер во прв момент ќе го превземам, е зголемување на капацитетот на инспекторите во земјоделскиот инспекторат што ќе биде прв сигнал дека навистина сакаме да го враќаме редот на користење на рибите од Охридското езеро.Во текот на наредните месеци се размислува и да се зголеми техничката опременост на овие инспектори, се со цел да се елиминираат злупотреби во овој дел”- вели Цветан Трипуновски – министер за земјоделство.

Трипуновски потенцира дека во периодот кој следува ќе мора од корен да се менува законската регулатива но не само кај нас, туку и во Албанија оти само така ќе успееме да го заштитиме рибниот фонд на Охридското езеро. Факт е дека посебно во Албанија нелегално се ловат големи количини пастрмка.

“Па некаде од 500 кг до еден тон дневно се ловат и тоа се шверцува.Во Албанија се носи од овде белвица, од таму се носи пастрмка, значи цвета рибокрството цвета нелегалниот риболов. И во кафеаните треба се види продаваат којзнае колку килограми пастрмка, а немаат од каде да ја набават”- вели Радован Димитриески-здружение “Рибарски приказни”.

Сознанијата со кои што располагаат природонаучниците од Хидробиолошкиот Завод, а се резултат на спроведените истражувања покажуваат дека е загрижувачка состојбата со ендемичните видови риба. Згора на се’  погубно беше и тоа што се до сега 6 години по ред не се вршеше ниту вештачко порибивање на езерото, наводно поради административни и технички проблеми.

Росица Голабоска