Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Охрид веќе во празничен ритам, градот се полни со гости кои тука ќе ги поминат новогодишните празници

Последните часови од старата 2025 година што изминува Охрид ги минува во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Последните часови од старата 2025 година што изминува Охрид ги минува во знакот на завршните подготовки за што подобар пречек на гостите што тука ќе ја минат највеселата ноќ. Градот е свечено украсен, а центарот – Плоштадот и Кејот на Охридското Езеро – веќе се преполни со живот. Раздвиженоста расте од час во час, бидејќи бројни автомобили и автобуси пристигнуваат со гости кои решиле празничните денови да ги поминат токму тука…

Хотелите и сместувачките капацитети долж Охридската ривиера ја пречекуваат 2026 година со солидна пополнетост – дел се целосно распродадени уште однапред, додека други ги очекуваат последните гости во текот на денот. Најбројни се посетителите од соседните земји, кои традиционално го избираат Охрид поради неговиот автентичен амбиент и добро организираната забава. Очекувања има и од домашните гости, особено оние кои располагаат со сопствени станови и куќи, па затоа не се предвидува значително зголемување на заработката кај приватните издавачи на сместување.

За разлика од минатата година, оваа сезона е забележливо благо зголемување на цените на аранжманите и угостителските услуги. Хотелиерите и угостителите посочуваат дека тоа е резултат на повисоките трошоци за репроматеријали и прехранбени производи.

Реклама

И во рестораните низ градот владее голем интерес – слободни места веќе и нема. Цените варираат од 45 до 100 евра во зависност од категоријата и локацијата на објектот. Некаде во цената се вклучени настапи на познати естрадни уметници и неограничени пијалаци, додека на други места се однесува само на свечена вечера со посебна наплата за пијалоците. Дел од локалите ќе работат и со „отворен влез“, без организиран дочек и со редовни цени.

Празнична атмосфера ќе има и во кафулињата, каде влезот со закуска изнесува околу 2.000 денари, а пијалоците се наплаќаат по редовен ценовник. Повеќето капацитети се веќе речиси исполнети, па затоа и оттаму препорачуваат резервација.

Традиционалниот дочек на отворено ќе се одржи на Градскиот плоштад, со богата музичка програма, настапи на локални уметници и новогодишен огномет. Забавата веќе започна со програма за најмладите, а вечерва кулминацијата ќе биде со настапите на Влатко Лозаноски, Ефто Пупиноски и Ѓоко Танески.

Охрид и оваа Нова година ќе ја дочека без снежна покривка. Отсуствува оној карактеристичен зимски амбиент, времето е студено, но сончево така што може денот да се искористи за прошетка по Стариот дел на градот, низ Чаршијата и Кејот. Временските прилики без врнежи значат проодност на патиштата, а тоа значи и поголем број гости на Охридската ривиера за Новогодишните празници.