Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Огромен триумф на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ, дебакл на СДСМ и ДУИ

Првиот круг на локалните избори заврши со 44 нови градоначалници. Во 33…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот круг на локалните избори заврши со 44 нови градоначалници. Во 33 општини ќе има втор круг, а во 3 ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Владејачките партии освоија најмногу градоначалници во првиот изборен круг. ВМРО-ДПМНЕ доби градоначалници во 32 општини, ВЛЕН пет, Национална алијанса за интеграција 4, а СДСМ три градоначалници.

Од новоизбраните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ најубедливо победи Јане Мицевски во Сопиште со освоени над 80% од гласовите. Над 70% од гласовите и нов 4-годишен мандат добија и актуелните градоначалници на Кавадарци, Митко Јанчев, на Штип Иван Јорданов, на Велес Марко Колев, на Илинден Александар Георгиевски, на Градско Киро Нацков, на Василево Славе Андонов, на Босилово Ристо Манчев, на скопски Петровец Борче Митевски кој беше избран по рекорден петти пат.

Во Охрид втор мандат ќе тера Кирил Пецаков, во Битола Тони Коњановски, а во Ресен Јован Тозиевски. Падна и бастионот на СДСМ, Струмица. Овој град во следните 4 години ќе го води Петар Јанков.

Реклама

ВЛЕН победи во Чаир, Арачиново, Желино, Сарај и Теарце. Коалицијата предводена од ДУИ освои четири градоначалнички места по првиот круг во Гостивар, Чашка, Липково и Пласница. СДСМ освои три градоначалнички мандати по првиот круг, и тоа во Богданци, Крива Паланка и Кривогаштани.

Во главниот град кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски, во првиот круг има убедливо водство пред изненадувањето, Амар Мециновиќ од Левица кој влегува во втор круг. Разликата во корист на Ѓорѓиевски е 60 илјади гласови.

Скопјани избраа градоначалници во 6 општини. ВМРО-ДПМНЕ „ги доби“ Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода, а ВЛЕН Сарај и Чаир. Втор круг ќе има во Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари.

Во Аеродром, актуелниот градоначалник Дејан Митески освои над 16 илјади гласови, наспроти Александар Трајановски од СДСМ со речиси 7 илјади гласови.

Во Карпош актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски заостанува зад кандидатот на ВМРО, Сотир Лукровски за околу 1.500 гласови.

Во Центар води актуелниот градоначалник од СДСМ, Горан Герасимовски пред Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ со околу 3.000 гласови.

Во Шуто Оризари во вториот круг ќе се соочат актуелниот градоначалник Курто Дудуш од Унија на Роми кој има 1400 гласови предност пред Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ.

Една од најинтересните битки ќе биде во Кичево, кадешто е можно првпат по долго време ДУИ да ја изгуби доминацијата. Лекарот Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ води со 6.200 гласови пред актуелниот градоначалник Фатмир Дехари од ДУИ.

„Најтесно“ ќе биде во Струга. Независниот бизнисмен Менди Ќура води со минимални 215 гласа пред Арсим Далипи од коалицијата на ДУИ.

Интересен прв круг имаше во Куманово. Иако актуелниот градоначалник Максим Димитриевски има убедлива предност, сепак за „втор круг“ се „избори“ независниот Горан Стојковски-Диро, кој освои едвај 41 глас повеќе од кандидатот на НАИ. Тесна разлика во гласови и жестока битка ќе има и во Демир Капија, Валандово, Боговиње, Конче, Чучер Сандево.