Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство официјално ја започна кампањата „Македонско Најдобро:…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство официјално ја започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”, која има за цел да го зајакне домашното земјоделско производство и да ја подигне свеста за квалитетот на македонските земјоделски производи.

Главни цели на кампањата „Македонско Најдобро” се:

• зголемување и зајакнување на домашното земјоделско производство;

Реклама

• обезбедување просперитет на руралните средини;

• подигнување на свеста за квалитетот, автентичноста и значењето на домашните производи;

• обезбедување полесен пристап на граѓаните до домашните земјоделски производи и преработки од истите.

Изработена е дигитална платформа makedonskonajdobro.mk преку која се овозможува:

• за земјоделците: Регистрација и промоција на свежи земјоделски производи;

• за преработувачите: Презентација на автентични македонски преработки;

• за продажните центри: Регистрација на геолокации на продажни места.

Платформата содржи интерактивна мапа „Каде да купам” која преку автоматска геолокација им помага на граѓаните да ги пронајдат најблиските продажни места за домашни земјоделски производи и преработки, со можност за филтрирање по категорија или специфичен производ.

Во скоро време ќе се објави и посебна мобилна апликација која ќе овозможи уште полесен пристап до информации за домашните земјоделски производи и преработки.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува сите заинтересирани земјоделци, преработувачи и продажни центри да се регистрираат на платформата makedonskonajdobro.mk и да станат дел од оваа значајна иницијатива.

Со избирање на македонски производ, не избираме само храна или продукт – туку директно инвестираме во нашата економија, создаваме нови работни места и ја зајакнуваме стабилноста на нашата земја.