Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Одржана Првата седница на Мешовитата комисија за економска соработка со Словачката Република

Во Братислава вчера и денеска се одржа Првата седница на Мешовитата комисија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Братислава вчера и денеска се одржа Првата седница на Мешовитата комисија за економска соработка меѓу Република Северна Македонија и Словачката Република.

Со седницата копретседаваа заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, и заменик министерот за економија на Словачката Република, Владимир Шимоњак.

Во своето обраќање, Димитровски нагласи дека Владата и Министерството се фокусирани на отворање нови пазари и создавање можности за инвестиции, особено во енергетиката, индустријата и поддршката на иновации и технолошки развој.

Реклама

Двете страни се согласија дека има простор за поголема трговска размена и поконкретна соработка во енергетиката, земјоделството, туризмот, културата и транспортот. Беше истакната и важноста на приватниот сектор и директните бизнис контакти, како продолжение на Бизнис форумот одржан во Скопје во февруари 2026 година.

Димитровски изрази благодарност за континуираната поддршка од Словачката Република за европската интеграција на земјата, нагласувајќи дека Северна Македонија останува сигурен и посветен партнер во процесот.

На маргините на седницата беше потпишан Протокол со кој се потврдува заедничката намера за натамошно продлабочување на економската соработка.

Во состав на македонската делегација беа претставници од повеќе министерства и институции, меѓу кои и државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, како и државната секретарка во Министерството за култура и туризам, Марија Станчевска-Ѓоргова, кои ги претставија приоритетите во своите области, со акцент на промоција на македонски производи и унапредување на културната и туристичката размена, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.