Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки, спортски сали и водоводни и канализациони системи

На 88 седница на Владата која се одржа вчера, 6 ресорни министерства…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 88 седница на Владата која се одржа вчера, 6 ресорни министерства вклучени во потпрограмата за капитални дотации на единиците на локалната самоуправа – позната како АА, доставија предлог одлуки до Владата за проектите на општините кои ги исполнуваат условите наведени во самиот повик, информира владината портпаролка Венера Латифи Азизи.

Оваа потпрограма претставува значаен инструмент за поддршка на општините и нивното институционално и инфраструктурно јакнење, во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Во рамки на втората фаза, вкупно се одобрени 829 проекти во вредност од околу 15 милијарди денари, кои ќе се реализираат преку следниве министерства:

Реклама

Министерство за транспорт и врски – над 8 милијарди денари

Министерство за животна средина и просторно планирање – околу 2, 5 милијарди денари

Министерство за образование и наука – околу 1,6 милијарди денари

Министерство за култура – 622 милиони денари

Министерство за социјална политика, демографија и млади – 520 милиони денари

Министерство за спорт – 544 милиони денари

-Со ова продолжуваме континуирано да ја поддржуваме секоја општина која ги исполнила условите според јавниот повик, без разлика на политичката припадност на нејзиното раководство. За нас, единствено важни се граѓаните, нивната благосостојба и создавање подобри услови за живот во секој дел од државата, рече таа.

Преку оваа поддршка ќе се реализираат проекти за изградба и реконструкција на:

локални патишта и улици;

водоводни и канализациски системи, училишта, градинки и спортски сали;

базени и јавна инфраструктура од суштинско значење.

Интересот како за првиот повик, така и за вториот беше исклучително голем.

-Воедно, потсетуваме дека во рамки на првиот јавен повик, беа доделени 4,1 милијарди денари за 274 проекти, дел од кои се веќе реализирани, а другите се во реализација. Ова е уште еден историски чекор во јакнење на локалната самоуправа – процес кој е и ќе остане еден од темелите на развојната политика на оваа Влада. Ги градиме темелите на промените, за твоето време кое доаѓа, порачаа од Владата.