Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Економија

Одлуката на Уставниот суд за линеарното покажување на пензиите е во полза на пензионерите, смета Мицкоски

– Премиерот Христијан Мицкоски днеска изјави дека не сака да ја коментира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски днеска изјави дека не сака да ја коментира последната одлука на Уставниот суд кој ја прекина постапката за оценување на уставноста на линеарното покачување на пензиите, според која тоа останува во сила, но истакна оти иако одлуките на Судот некогаш се, а некогаш не се согласно полтикитките на Владата, тие треба да се почитуваат и спроведуваат. За среќа, вели, овојпат одлуката е во полза на пензионерите. 

-Што се однесува до одлуката на Уставниот суд многупати сум кажал дека нема да ги коментирам. Нормално, понекогаш тие одлуки се во согласност со вашите политики, понекогаш не се во согласност во вашите политики, но одлуките на Уставниот суд мора да се прифатат и да се имплеметнираат, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на штипската компанија „Актива“. 

Оваа одлука, вели премиерот Мицкоски, за среќа на пензионерите е во нивна полза и ќе остане линераното покачување од 1000 денари за секој пензионер.

Реклама

-Со ова се заокружуваат 7000 денари линеарно покачување на пензиите откако дојдовме како Влада, иако ветивме зголемување од 5000 веќе имаме 7000 илјади денари. Тоа сега ќе се заокружи со мартовската пензија која ше се исплати во април. На тој начин тоа ветување не само што го исполнивме, туку би рекол и за околу 40 проценти го надминавме, истакна премиерот.

Тој додаде дека согласно законот овој месец треба да се покачи и минималната плата.

– Како Влада тоа ќе го донесме на следната седница. Формално тоа помина како информација на седница на Економско социјалниот совет. Следно е Владата да ја донесе информацијата и веќе од април стопанството, но и Владата да почнат со усогласување на платите визави минималната плата, истакна премиерот Мицкоски.