Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Одложувањето на Извештајот во ЕП ја оголи вистината – Македонија е заложник на негирање и билатерални уцени

Одложувањето на дебатата на Комисијата за надворешни работи во ЕП за извештајот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одложувањето на дебатата на Комисијата за надворешни работи во ЕП за извештајот за Македонија и реакциите од Бугарија ја покажаа вистината – Македонија е жртва на билатерални спорови и негирање на македонскиот идентитет и јазик сметаат експертите. Според нив, без разлика каков ќе биде финалниот исход од целата оваа епизода, јасно е дека македонската дипломатија извојува една огромна победа во големата битка. Целата јавност сега може да гледа и да суди. Единственото што е спорно е самото постоење на македонскиот идентитет, и се оспорува постоењето на македонската нација – од една членка на ЕУ, и тоа во Европскиот парламент, каде што треба да биде центарот на европската демократија.

Ова е доказ дека не само Муцунски, туку целата дипломатска мрежа била ангажирана во овој потфат – за да се покаже зошто Македонија има проблем со уцените од Бугарија и со злоупотребата на македонската евроинтеграција од страна на Бугарија. Јасно е дека нашиот одговор мора да биде „не“.
Работите излегоа на виделина – условно кажано, „конзервата се отвори“, и целиот смрдеж и гнилеж излегоа на површина, и се виде што стои зад овие барања и негирањето на нашиот идентитет од страна на Бугарија. Истовремено, ова е сигнал од Софија дека тие не се сериозни во однос на тоа како Македонија може да продолжи по патот кон ЕУ.
Секоја поддршка е важна. Европратениците гласаат според сопствено убедување, и кога станува збор за ова, се очекува поддршка од оние земји кои го поддржуваат патот на Македонија кон ЕУ,
вели Ивица Боцевски, поранешен амбасадор.  

Според Боцевски, во овие моменти Европејците треба да покажат подготвеност за кохезија и зацврствување на европските вредности и почитување на човековите права.

Реклама

Ставките во извештајот на известителот Томас Вајц, каде се потврдува посебноста на многувековниот македонски идентитет и јазик ја разгневија Бугарија, која преку нејзините пратеници во Европскиот Парламент сакаше да издејствува со амандман „present“ или во превод сегашност – дека македонскиот идентитет се однесува само на сегашното време.

Според поранешниот амбасадор во САД, Зоран Јолевски долго време чекаме да станеме дел од Унијата,а  она што и се случува на Македонија со оспорувањето на идентитетот нема никаква врска со европските вредности.

Посебноста на македонскиот идентитет не може никој да ја оспори. Одложувањето веројатно е за консултации. Ние, во меѓувреме, треба да продолжиме со реформите и нашата економија да ја приближиме до европската. Веќе 21 година имаме поднесено апликација. ЕУ, особено по конфликтот во Украина, треба да го забрза интегрирањето на регионот, вели Јолевски.

Во една засилена дипломатска офанзива на Македонија и непопуштање пред барањата од нашиот источен сосед, Бугарија како да се најде во небрано. Преку различни канали се обидува да изврши притисок да ги спроведеме уставните измени а од друга страна не го признава македонскиот идентитет и јазик. За власта единствено прифатливо е ако уставните измени бидат со одложено дејство, за да се заштитиме од дополнителни барања од источниот сосед.