Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Одложено судењето за убиствата на Вања и Панче, адвокатот на Палевски не дојде на рочиштето

Судот нема да толерира одложување на рочиштата за двојното убиство на Вања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судот нема да толерира одложување на рочиштата за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Судијата Ивица Стефановски кој го води судскиот предмет, ќе му назначи адвокат по службена должност на Љупчо Палевски или кој било друг обвинет доколку бараат пролонгирање на судската расправа. Денешното рочиште се одложи поради отсуство на Јовица Стрешевски кој го брани првообвинетиот. Доставил медицинска докумантација од лекар дека пред два дена добил упат, а на судот му пратил и лекарски извештај од вчера.

  • Непосредно пред отпочнување на денешната расправа бранителот Јовица Страшевски, до судот достави барање за одлагање на расправата бидејќи бил спречен да присуствува на истата заради здравствени причини за што во прилог достава и медицинска документација“ соопштија од Кривичниот суд.

Судијата Стефановски рече дека ова е прво одлагање и дека судот ќе има разбирање, но нема да дозволи да се повтори, бидејќи се работи за притворски предмет кој е во завршна фаза.

  • „Доколку се случи уште еднаш вакво нешто, ќе поставам бранител по службена должност“, рече судијата Стефановски.

Според досегашната динамика на судењата, расправите требаше да завршат до крајот на месец мај, а веќе во јуни да може да се донесе пресуда, одлагањата на рочиштата од било која причина може да го успорат процесот.

Реклама

Предметот за убиството на Вања и Панче, според бранителот на Боре Видевски, адвокат Бојан Манев, треба да се врати или во фаза на истрага или да се одреди реконструкција со која би се разјасниле многу отворени прашања.

  • Низ исказите на сите обвинети неминовно произлегува потребата или од реконструкција на настанот или од враќање на предметот во истражна постапка, затоа што ако ги следите исказите, се споменуваат други лица кои што биле учесници во настанот, а не се на обвинителна клупа. Понатаму, се кријат, односно не се изведуваат докази од битно значење“, изјави Манев.

Судот на 23-ти и 28- април планира да заврши сведочењето на Палевски, а потоа како што кажа судијата ќе ги разгледува и анализира исказите на сите обвинети. Има простор и за дополнение на доказна постапка од обвинителството и одбраната, по што ќе следуваат завршни зборови и првостепена пресуда.