Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Одложено рочиштето против екс директорите на АМС за злоупотреба на спортски ваучери

Основниот кривичен суд – Скопје го одложи денешното судско рочиште за предметот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основниот кривичен суд – Скопје го одложи денешното судско рочиште за предметот што се однесува на злоупотребата на државните спортски ваучери, во кој се обвинети вкупно 12 лица, меѓу кои и двајцата поранешни директори на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Наумче Мојсовски.

Како што информираа од Основниот кривичен суд, судската постапка ќе продолжи во редовна процедура, а следното судско рочиште ќе се одржи според претходно утврдените датуми. На почетокот од годинава, судската постапка започна од почеток поради промена на Судечкиот совет, откако судијката Џенета Бектовиќ која го водеше предметот беше избрана за член на Судскиот совет, додека нов претседавач на Советот стана судијката Фросина Стојаноска. 

На денешното рочиште требаше да продолжи доказната постапка и судот да се произнесе по неколку барања поднесени од одбраната, меѓу кои и барањето за прекин на постапката што го поднесе адвокатот Петре Шилегов, бранител на обвинетиот Каевски. Одбраната побара судот да ја прекине постапката или обвинителството да го повлече обвинителниот акт, повикувајќи се на измените во Законот за спорт, со кои – според нив – е укинат членот што бил правна основа за наводните злоупотреби со ваучерите.

Реклама

Според обвинителството, измените во Законот не претставуваат декриминализација на делото, бидејќи суштината на кривичното дело „злоупотреба на службената положба“ се однесува на дејствието на извршување, а не на конкретен член од материјалниот закон.

Обвинителката Лидија Раичевиќ претходно посочи дека доказите веќе се доставени и дека нема правен основ постапката да биде запрена, нагласувајќи дека станува збор за сериозен предмет кој треба да продолжи во редовна судска процедура.

Случајот, познат во јавноста како „спортски ваучери“, се однесува на наводни злоупотреби при распределбата на финансиски средства преку државната програма за поддршка на спортот.

Освен Каевски и Мојсовски, меѓу обвинетите се и претседателот на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски, како и Огнен Стојановски, Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Бејтула Емини, Дриљон Леши, Мијази Елмазов, Иван Миновски, Даниел Каров и Сашо Поповски.

Тие се товарат за кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“, а на првото рочиште во јануари сите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.